5 модни лекции кои може да ги научите од Ким Кардашијан
За да биде главна атракција каде и да се појави, Ким Кардашијан посветува многу труд и внимание при изборот и комбинацијата на облеката.
Постојано се советува со врвни стилисти и секогаш сака да биде поинаква и иновативна. Понекогаш знае и да згреши или да претера, но многу почесто успева да изгледа фасцинантно.
За оние на кои таа им е идол, може да следат 5 нејзини модни лекции:
1. Шлицот може да биде многу секси
Длабокиот шлиц често може да изгледа невкусно, но ако добро се изведе може да изгледа и многу секси.
Токму тоа Ким успева да го постигне со светлобеж здолниште и идеалниот спој на целата комбинација од елегантни и секси парчиња.
2. Добриот капут вреди злато
Минатата сезона не го соблекуваше светлокафениот капут, а оваа годена веќе си го има одбрано омилениот капут во шампањ бела боја која одлично ѝ стои и го истакнува нејзиниот потемен тен, а ѝ дава и софистициран изглед.
3. Понекогаш не се потребни детали
Комбинацијата од тесни сиви фармерки, обична маичка и рамни патики не звучи гламурозно, но може да изгледа многу убаво.
Не ви се секогаш неопходни ѓердани, алки и други додатоци, бидејќи понекогаш и едноставноста може да биде сè што ви е потребно.
4. Не се срамете од својата фигура
Ова е веројатно најважното правило кое жените може да го научат од неа. Ким не е идеално градена како манекенките и често се забележува некој сантиметар плус на нејзината линија. Но, тоа не ја спречува да ги истакне своите облини со тесна и припиена облека.
5. Панталоните со висок струк прават чуда
Ниските жени кои имаат пократки нозе може да научат нешто корисно од Ким, а тоа е како визуелно да ги издолжат нозете.
За тоа најдобри се панталоните со висок струк кои се спуштаат преку чевлите до подот.
Со нив задолжително носете високи потпетици, а појасот на струкот може само дополнително да ја истакне фигурата на песочен часовник.