Освежете ја гардеробата: Шик парчиња кои треба да ги имате оваа есен

Трендовите од оваа сезона може да ги носи апсолутно секоја жена, во зависност од пригодата и расположението.

osvezete-ja-garderobata-sik-parcinja-koi-treba-da-gi-imate-ovaa-esen-1

Интересните модели и веселите бои дефинитивно ќе ви го поправат расположението во есенските дождливи денови.

Па ако уште не ја обновивте гардеробата погледнете кои парчиња треба да ги имате оваа есен:

1. Плетена капа

Овие капи беа присутни на сите модни писти од Њу Јорк па сѐ до Лондон. Плетената капа е удобна и одлична за секој ден, а можете да ја комбинирате скоро со се.

osvezete-ja-garderobata-sik-parcinja-koi-treba-da-gi-imate-ovaa-esen-2

2. Чизми над колена

Удобни и топли, овие чизми одлично одговараат со здолниште или фустан. Секако, можете да ги комбинирате и со панталони и хеланки.

osvezete-ja-garderobata-sik-parcinja-koi-treba-da-gi-imate-ovaa-esen-3

3. Зелена боја

Зелената боја изгледа заводливо и прекрасно на секоја жена. Ова година на модните писти доминираа маслинестата и шумско зелената, но тоа не значи дека не можете да пробате и со другите нијанси на зелено оваа сезона. Било кое парче гардероба можете да го комбинирате со зелена боја и ќе добиете вистински хит.

69ab76f99839e2238b375959c3d55851

4. Кожа

Кожата е отсекогаш популарно, но ако не сакате да носите природна, секогаш можете да си набавите вештачка. Ова сезона се носат разни кожни парчиња од шешири, здолништа, панталони па сѐ до јакни. Во однос на боите, популарни се кафената, зелената, сивата или темно црвената.

osvezete-ja-garderobata-sik-parcinja-koi-treba-da-gi-imate-ovaa-esen-5jpg

5. 50 нијанси сиво

Уште една боја која е огромен хит оваа сезона е токму сивата во сите нејзини нијанси. Можете да ја комбинирате со разни бои и совршено се вклопува во секој стил.

osvezete-ja-garderobata-sik-parcinja-koi-treba-da-gi-imate-ovaa-esen-6jpg

6. Темни нокти

Одлична промена после светлите летни бои се ноктите во темни бои како металик или темно црвените. Оваа боја совршено се вклопува со сите останати есенски трендови.

osvezete-ja-garderobata-sik-parcinja-koi-treba-da-gi-imate-ovaa-esen-7jpg

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg