Каква мајка - таква ќерка: Рамо до рамо на модна писта во Лондон
Jasmin Le Bon на 49-годишна возраст има на што да се гордее. Освен тоа што има блескава кариера како модел, нејзината 25-годишна ќерка Amber ги следи истите стапки и моментално владее со пистата во Лондон.
Пред само 2 дена, овие прекрасни мајка и ќерка се најдоа на модната недела во Лондон и ја претставија новата колекција на дизајнерката Gyunel Rustamova.
Моделите во нејзината колекција се наменети за силната и самостална жена која ужива во авантури, а Jasmin бил потполно очекуван избор за тоа.
Jasmin прошетала во фустан инспириран од пустинските убавини, додека нејзината ќерка Amber прошета креација во сини и песочни тонови.
Со нежна шминка, природен изглед и по малку разбушавена коса, Amber многу потсетуваше на нејзината мајка пред околу 20 години.