Модни правила кои секоја ниска девојка треба да ги почитува
Високи потпетици, маички со деколте и тенок ремен се само дел од работите кои ситните и ниски девојки мора да ги имаат во својот гардеробер.
Кога станува збор за шопинг, ниските девојки имаат голем проблем, бидејќи ретко може да најдат убаво парче облека, а да не мора да му прават дополнителни корекции.
Стилизирајте ја вашата фигура, со помош на овие неколку правила и совети кои се клучни за вашиот облик на тело.
Гардероба која мора да ја поседувате:
- Високи потпетици
- Тенок колан
- Потпетици во боја на кожа
- Тесни фармерки
- Маички со деколте
- Панталони со низок струк
- Облека со вертикални линии
Добијте веднаш 10 сантиметри повеќе
Со оглед на фактот дека сте ниски, високите потпетици ви се најверни пријателки. Можеби не се премногу удобни, но ако сакате да бидете повисоки, носењето потпетици е наједноставниот начин. Одберете потпетици на платформа или сандали со полна пета, на кои сигурно ќе се чувствувате поудобно.
Трик: Со кратко здолниште носете високи потпетици во боја на кожа, кои визуелно ќе ви ги продолжат нозете.
Никаде без тенок ремен:
Ако имате ситна градба, мора многу да внимавате, бидејќи лесно може да згрешите со деталите и да се изгубите во гардеробата. Крупните и широките ремени се големо НЕ. Одберете тенок ремен со кој ќе ги затегнувате панталоните или туниките.
Големо ДА за тесните фармерки:
Во ниеден случај не смеете да си дозволите да облечете широки фармерки. Тесните фармерки совршено ги истакнуваат нозете, а за ниските девојки тоа е од голема важност, бидејќи само така визуелно ќе изгледате повисоки.
Трик: Ако до сега имавте обичај да ги кратите ногавиците, веќе не правете го тоа. Подолгите ногавици од фармерките ви ги издолжуваат нозете уште повеќе.
Маички со деколте
Овие маички се како создадени за вас. На ситните и ниски девојки секој сантиметар им е важен, а деколтираните маички прават чудо за вас. Тие го издолжуваат вратот на најдобар начин и најважно од сѐ прават да изгледате секси.
Кратките панталони се секси и привлечни:
Ако сте високи 160 сантиметри или пониски од тоа, тогаш дефинитивно треба да избегнувате панталони или здолништа до колена. Покажете ги вашите нозе во кратки панталони или здолништа, а доколку имате проблем во наоѓање на вистинската големина, секогаш тука може да ви помогне вашиот кројач.
Вертикалните линии се клучни
Црно белите панталони со вертикални линии се одличен избор за вас. Секогаш комбинирајте ги правилно, но внимавајте да не претерате со деталите. Освен панталони, може да најдете или сошиете долг фустан со вертикални линии, додајте високи потпетици и веднаш ќе ја забележите разликата во висината.
Модни парчиња кои мора да ги избегнувате
- Макси здолништа и фустани
- Чизми над колена
- Широка облека
- Крупен накит
- Широк ремен
- Ниски чевли
- ¾ панталони
- Кратки јакни
- Кратки маички ( crop-top)