Избегнувајте ги: Бои кои ве прават да изгледате дебели
Веројатно веќе знаете дека темните бои ве прават да изгледате послаби, а посветлите нијанси го имаат спротивниот ефект.
Во зависност од вашиот облик на телото и облините, постојат начини на кои треба да ги комбинирате боите и оние кои треба да ги избегнувате.
Пронајдете го својот облик и дознајте како да ја комбинирате облеката:
Тело во форма на круша
Ако имате облик на круша, тогаш подрачјето кај задникот и колковите би требало да ви биде поголемо од другиот дел од вашето тело.
За да ја вратите рамнотежата на вашето тело, треба со помош на боите да го направите долниот дел од телото помал, а горниот поголем. Тоа значи дека треба да носите светли маици во комбинација со потемни здолништа или панталони.
Избегнувајте да носите бели кошули со црни панталони, односно бои кои се контрасни меѓу себе. Целта е да привлечете внимание на горниот дел, а тоа подразбира впечатливи бои, модни додатоци, набори...
Облик во форма на јаболко
Овие личности големиот дел од својата тежина ја носат во пределот на струкот.
Со изборот на вистинските бои треба да создадете илузија на струк, односно тој да изгледа потенок. Ова најлесно ќе го постигнете со помош на ремени во темна боја, но избегнувајте било какви детали и држете се до едноставните.
Кога ќе постигнете визуелно да го стесните струкот, следно што ви е потребно се маици во темна боја во комбинација со светли панталони или здолништа. Темните маици го прават вашиот стомак помалку видлив.
Облини
Доколку имате големи гради сигурно многу жени ви завидуваат на фигурата, но со одбирање на погрешна гардероба ќе изгледате подебели отколку што сте.
Избегнувајте маици или фустани со линии, бели и пастелни нијанси. Црвената е одлична боја за жените со облини, а ако не ја сакате таа нијанса одлучете се за мастилна или смарагдно зелената.