Уличната мода во секој град низ светот: Шарена, различна, прекрасна...(фото)
Стилот и модата секогаш се некој вид и одраз на личноста. Некои помалку, некои повеќе внимаваат, но она што е важно е секој да се издвојува на свој начин.
Сепак, зависно од културата и местото на живеење, спонтано секој град во одреден период има различна улична мода која во моментот е најпопуларна кај повеќето момци и девојки.
Интересно е тоа што низ сите тие градови може да забележиме дека се носат некои парчиња кои порано или подоцна сме ги носеле и ние или има некои слични со други градови.
Додека во Шпанија девојките носат долги шарени фустани, во Милано се исклучително елегантни, а во Хелсинки тотално нескладни, момците во Бејрут се најстилски, а во Сан Франциско се најопуштени.
Погледнете каква е уличната мода во градовите низ светот: