Оваа убавица работела во локално кафуле, сè додека не добила понуда која не се одбива
Ања Анџела Периќ е девојката за која целиот свет дозна неодамна. Вредна, чесна и родена под среќна ѕвезда, Ања до пред извесно време работела во локално кафуле за просечна плата, а веќе денес се вбројува во листата на најубави Србинки.
„Имам 19 години и како повеќето мои врсници, немав можност да си дозволам сè што сакам. За жал, платите на моите родители се минимални, поради што ми беше срам да побарам нешто. Младите денес немаат друг излез освен да работат како мене, за месечна плата од 18.000 динари со која не можете ништо.“
Во кафулето во која работела Ања сосема случајно се појавила српска манкенка, која работела и како агент.
„Работев во едно кафуле во Белград како келнерка, многу пати и по 15 часа дневно. Беше страшно затоа што сопственикот не нè третираше како луѓе.
Едно попладне Бог ми се насмевна кога наш познат модел влезе со својата ќеркичка во градината на локалот и кога ја послужив, спонтано започнавме да разговараме. Ми ја даде нејзината визит картичка и ми рече да се јавам затоа што имам одличен потенцијал.
Во тој момент имав руса коса и вештачки нокти, како сите девојки тука. По неколку дена дојдов во агенцијата Crystal и се променив - ја вратив природната боја на косата, ја скратив и ги отстранив ноктите. Така започна мојата манекенска кариера,“ раскажува Ања.
За кратко време за Ања почнаа да се борат светски модни брендови, а моментално работи за Њујоркер.