Модната ера на сини одела започнува ова лето (фото)
Нема маж на кој сината боја не му стои феноменално. Која нијанса и да ја изберат таа едноставно зрачи на нив.
За тоа дека модната ера на сината боја и официјално е започната потврдува модната манифестација „Pitti Uomo“ која еднаш годишно се одржува во Фиренца.
Тоа е место каде се собираат сите најстилизирани луѓе од светот на модата. Според првите извештаи кои се пристигнати, забележани се два клучни збора: сино одело.
Независно од нијансата дали ќе биде класично тегет, со туфни, на пруги, со еден или два реда копчиња, сината боја е една од најлесните бои за комбинација и добро му стои на секој маж.
Ако сакате да изгледате беспрекорно ова лето, сината е полн погодок. Ефектно, а лежерно.
Дотерајте се и бидете рамо до рамо со светските модни трендови.