Манго ја презентираше колекцијата есен/зима 2014 во Барселона
MANGO официјално го отвори четиринаесетото издание на модното шоу Барселона 080, каде ја презентираше колекцијата за есен/зима 2014. Редизајнираната, современа зграда на поранешната болница De Sant Pau на едно место собра повеќе од 800 шпански и интернационални ѕвезди, кои дојдоа да ги погледнат трендовите за следната сезона.
Ревијата ја отвори германската манекенка Тони Гарн која уште еднаш заблеска и плени со својата спонтаност и елеганција.
Женската колекција на MANGO претстави 42 комбинации, кои ги доловија водечките трендови за сезоната. Миксот на стилови и текстури е клучен елемент во колекцијата на овој шпански бренд, а е надополнет со предимензионирани парчиња, оние инспирирани од војничкиот изглед и панталони со висок струк. Во спектарот на бои за есен/зима 2014 најдоминантни се зелените тонови, црната и белата боја. Лежерниот дел од линијата е фокусиран на андерграунд модата со кожени јакни, парчиња со нитни и ниски чизми во јети стил.
Во машката линија пак, претставени беа 15 комбинации, каде исто така забележливо беше мешањето на стилови и трендови. Темните тонови се носечки за зимата, а сивата, црната и каки бојата се главни протагонисти во палетата на бои. Понудата на јакни и палта ја збогатува оваа линија, па така присутни се бомбер јакните, војничките палта и блејзерите. Колекцијата има и рок инспирација, доловена со парчиња како скратени панталони и едноставни фармерки во темни тонови. Формалните парчиња од колекцијата се комбинација на елеганција и волумен.
Ревијата на MANGO беше посетена од бројни познати лица како Жем де Марикалар, Тамара Фалко, Фиона Ферер, Лаура Вечино, Вики Мартин Берокал, која е сегашното заштитно лица не Violeta by MANGO и други.