Дејвид Бекам сè уште е секси во новата H&M колекција за долна облека (фото)
Долгогодишниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, најпопуларниот фудбалер во Манчестер Јунајтед и еден од најзгодните фудбалери-модели во светот како што старее, така е посекси.
Веќе има 39 години, лани се пензионираше од фудбалската кариера, но женскиот свет и понатаму лудува по неговото згодно и тетовирано тело.
Поради тоа, никој не помислува да го замени во најновите колекции на брендот „H&M“ за реклама на долна облека.
Повторно е неодоливо провокативен и секси облечен само во припиени боксерки и добро градените мускули. Дури облечен и во пижами е доволно секси за секоја девојка да би го посакала покрај себе. Вистинска стилска и спортска икона.
Погледнете дел од неговата фотосесија: