Најубавите фустани за на плажа од Victoria’s Secret (фото)
Откако ќе ги одберете идеалните костими за капење, ви останува уште една слатка мака - лежерното фустанче кое ќе го носите врз нив.
Секоја девојка сака нешто суптилно откриено, лесно, лежерно и заводливо. Дизајнерите на Victoria’s Secret добро го знаат тоа, па затоа и ова лето креираа неодоливи фустанчиња за на плажа кои може да се искомбинираат со сите бикини или монокини.
Без оглед на тоа каков костим сте одбрале, понудата на фустанчиња и туники е разновидна. Сега секоја девојка има можност да одбере дали ќе ужива во бела туника, неонски фустан или спортски модел во смирени тонови.
Кратки или долги, со прерамки или без, од тантела, свила или памук - ова се најубавите фустани за на плажа за ова лето: