Стегнато тело и сини очи: Ова момче е новиот Мистер на светот за 2014
На вчерашниот избор за Мистер на светот кој се одржа во Англија, од вкупно 46 претставници на различни земји од светот беше избран овогодинешниот победник. Тоа е русокосото момче од Данска, Никлас Педерсен кој има 23 години.
Себеси се опишува како најсреќното момче кое го живее животот до максимум. Би сакал еден ден да добие улога во некој филм, бидејќи има желба да стане актер. Сака да плива и да игра фудбал.
Омилена музика му е хип-хоп, а неговото мото е: Светот е твоја школка со бисер која треба да ја отвориш и да го земеш она што ти следува.
Покрај Никлас, негов прв придружник е Емануел Ифеани од Нигерија, а втор придружник му е Хозе Пабло Минор од Мексико.
Погледнете дел од нивните фотографии: