-->
-->


Флуросцентна долна облека за да блескате во ноќта

Луксузниот италијански бренд „Cosabella“ има интересна долна облека која свети во мракот. Ваквите парчиња може да бидат забавни и за мажите и за жените, бидејќи се со убави светли и шарени бои кои изгледаат сосем вообичаено на светло, но при потполн мрак светат поради флуриосцентните бои.

fluroscentna-obleka-za-da-bleskate-vo-nokjta-01

Оваа секси линија на долна облека со гаќички и градници од тантела ја има во неколку бои, а цената им се движи од 45 долари за танга гаќички до 99 долари за „пуш ап“ градници.

Оние девојки и жени кои веќе ги пробале се импресионирани, бидејќи покрај тоа што се необични, интересни и атрактивни, тие се изработени и од удобен и пријатен материјал.

Флуросцентните пигменти се вткаени во материјалот, па затоа колку и да ги перете, нема да го отстраните сјајот.

Но, она што е неопходно за да светат овие парчиња долна облека е силна светлина, по можност сончева, за да се активираат флуросцентните пигменти. Откако ќе прими доволно светлина, тантелата може да свети во мракот околу еден час, а потоа постепено го губи сјајот.

fluroscentna-obleka-za-da-bleskate-vo-nokjta-1

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
18 парчиња облека кои жени ги сошиле дома, а личат како да се од продавница (фото) „Си го сошив фустанот за церемонија на доделување награди. Материјалот со свилен...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg