Српска блогерка е прогласена за најдобро облечена жена во светот
Магазинот Vanity Fair ја прогласи Јелена Вишњиќ за најдобро облечена жена во светот. Јелена, инаку модна блогерка од Белград , се најде во ова престижно модно списание за месец април.
Јелена открива дека од Vanity Fair била одбрана заради необичните комбинации кои им го привлекле вниманието.
Фотографиите кое ги испратила во овој магазин биле направени од страна на нејзината мајка, која ја споила својата љубов за фотографирањето со љубовта на својата ќерка кон модата.
Кога ќе ги погледнете фотографиите на нејзиниот блог ќе помислите дека оваа девојка дала цело богатство за да изгледа вака. Сепак, стилот нема цена.
- Многумина не веруваат дека некое парче облека сум го купила за 100, 150 динари на некој локален пазар, открива Јелена.
На нејзиниот блог секојдневно ја промовира креативноста и уникатноста, па токму затоа и го привлече големото светско внимание.