Средена коса на дождлив ден? И тоа е можно!

Врнежливото време е чест виновник за лошото расположение кај многумина. Но дождот, важи за уште поголем виновник за неуредна и несредена коса.

sredena-kosa-na-dozdliv-den-poglednete-kako-e-toa-mozno-01

Доколку поминувавте часови трудејќи се да ја исправите, навиткате или исфенирате вашата коса, но дождот и натаму ви ја уништува макотрпната работа, тогаш испробајте ги овие неколку совети:

Заборавете на козметичките производи за обликување на фризурата - гелот, пената и лакот ќе ви одмогнат во постигнување на посакуваниот ефект со обликот на фризурата во дождливото време. Иако многумина ги користат со цел да им потрае фризурата, сепак овие продукти имаат спротивен ефект.

Инвестирајте во добар регенератор - ова особено важи за оние кои имаат виткана коса. Регенераторот кој ќе го одберете, без разлика дали се нанесува на сува или мокра коса, гледајте да содржи посебни формули со кои би ве заштитил од дождот.

Секогаш можете да играте на сигурно - направете си интересна несекојдневна пунџа, како тоа што го прават славните личности.

sredena-kosa-na-dozdliv-den-poglednete-kako-e-toa-mozno-02

Но, доколку не сте тип на девојка која сака да ја носи косата собрана, тогаш пред да ја фенирате косата нанесете си средство за заштита од топлината која ја произвеува фенот, фигарото пресата на тој начин ќе ја заштите косата од сувост.

Не излегувајте од дома со мокра коса бидејќи дождливото време ќе ја уништи убавината на косата. Практикувајте на употреба на шампон кој не содржи сулфат, како што тоа го имаат шампоните против перут. Сите хемикалии кои ги содржат шампоните и маските ја прават косата сува, што е лошо за дождлив ден.

И секако, најважно е секогаш да имате квалитетен чадор,  кој ќе и овозможи целосна заштита на вашата коса на дождливиот ден. 

Би можело да ве интересира:

6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg