Кога последен пат го проверивте бројот на вашиот градник?
Едно големо истражување покажало дека две третини од жените ширум светот не носи добар број на градникот.
Во истражувањето на компанијата Triumph International се покажало дека 64 % од жените не носат соодветен број на долната облека. Во студијата учествувале 10.000 жени, а две третини не знаеле да го одберат вистинскиот број на градникот.
Уште еден чуден податок е тоа што 29 отсто од жените во шопинг купуваат градници иако се свесни дека не им одговараат како што би требало.
Жените кажуваат дека до тоа доаѓа бидејќи во моментот им се допаѓа градникот поради бојата или дизајнот, па ги занемаруваат бројот, големината, обемот и сл.
Според тоа, околу 73 отсто испитаници признале дека поради лошите одлуки на крајот се чувствуваат лошо, а тоа може без да знаат да им го наруши расположението или здравјето.
Затоа, време е да го проверите бројот на вашиот градник!