Разгледајте ја новата, лимитирана колекција од Манго
Манго пред само неколку часа за прв пат ја презентираше новата колекција од линијата Манго Премиум. Елегантната линија е најавена како онаа која на дамите ќе им донесе елеганција, деловни парчиња облека изработени од прекрасни материјали и нови кроеви.
Сите девојки и жени кои преферираат едноставни и конкретни парчиња облека, ќе бидат воодушевени од она што Манго го нуди.
Сивото одело, минималистичкиот бел фустан, црната маичка на долги ракави и шорцот со висок струк се само некои од парчињата облека кои секоја деловна жена обожава да ги комбинира.
Во целата колекција дизајнерите на Манго воведоа и принт со точки на панталоните и маиците, за да ја разбијат сивата монотонија.
Ако нас не прашувате, ова е полн погодок! А, вие разгледајте и одлучете: