Ретро пролетна колекција од H&M
H&M продолжува со традицијата да ангажира светски супермодели за своите кампањи и каталози, а во најновиот за идната пролет се најде прекрасната Edita Vilkeviciute која до сега беше модел за долна облека на овој бренд.
Ако судите по првиот поглед, пролетта во продавниците на H&M ќе ни донесе елегантни изгледи во базични бои, но и светли, пастелни детали.
Ригите се неизоставен тренд секоја топла сезона, па така и во оваа го имаат главното место, а што се однесува до деталите, девојките ќе имаат шанса да уживаат во ретро гламурот на класичните салонки, предимензионираните чанти и позлатениот накит.
Не го пропуштајте пролетниот каталот во кој дизајнерскиот тим на врвниот бренд сугерира лежерни мини фустани, тесни хеланки во стилот на 80-тите и удобни памучни маички за идната пролет.