Марион Котилард е најдобро облечена жена во 2013 година
Преубавата француска глумица Марион Котилард го освои светот со својот безграничен талент, неодоливата насмевка и безгрешен стил.
На прв поглед се добива впечаток дека оваа млада и талентирана глумица симболизира париска дама во вистинка смисла.
Софистицираност, холивудски гламур, модна храброст и оригиналност, се зборови со кои може да се опише нејзиниот моден вкус. Сето тоа Марион го постигнува со леснотија, како да ѝ е тоа вродено нешто.
Единствено нешто што го прави нејзиниот стил монотон, ако воопшто може така да се опише, е верноста кон француските дизајнери, пред сè, неповторливиот Диор.
Всушност тоа е една од причините што Марион ретко, речиси никогаш, не греши и успева секогаш одново да воодушеви со своите избори.