Модна зимска инспирација: Уличниот стил на Џесика Алба
Изминатава година Џесика Алба неколку пати беше прогласена за најдобро облечена жена, без многу напор и скапи, недостижни парчиња гардероба. Токму затоа, таа е наша модна инспирација за оваа зима.
Џесика се задржува до слоевитото облекување и ја почитува моќта на топлите парчиња гардероба, но и на несекојдневните детали и аксесоари кои се вистинско освежување во студените денови.
Тесни фармерки, топли џемпери, одлично одбрани палта и чевли се главната одлика на стилот на оваа 32-годишна убавица.
Покрај тоа, понекогаш знае вешто да експериментира со кратки здолништа, зимски фустани и чизми над колената.
Уживајте во веселиот и топол моден колаж: