Моден предлог: Накит во кој се спојува традицијата и модерната уметност
Во последно време во Скопје се појавија неколку само-организирани уметнички души, кои својот повик го најдоа во изработка на необични форми на филигрански накит.
Филигранот во Македонија има историска традиција и бил многу ценет во минатото, но како што гледаме и денес.
Филигранската уметност е една од најстарите и најубавите уметнички форми создадени од страна на човека. Нејзините величествено обработени и фино испреплетени жицисвојата шема на замрсената сложеност повеќе ја наоѓаат меѓу природниот свет на виновата лоза, отколку во онаа на накит изработен од човек.
Комплексноста на пресвртот и на мајсторството на ткаењето на сиот тој нежен метал, го воведува елементот на простор во она што всушност би било цврст предмет. Овој уникатен аспект е, всушност онаа суштинска нишка, која го одвојува филигранството од сите други видови накит.
Уметноста на создавање филигрански накит, која се состои од цврсто свиткување на фино сребро за да се создадат прекрасни складни облици, бара часови концентрација, но и особен истанчен вкус, чувство за необични креации и најважно, љубов кон оваа стара уметност.
Дијана Тодоровски со својата умешност предизвикува восхит на Фејсбук со својата страница Добро ми Стои.
Накитот го изработува во работилница во старата чаршија кај мајстор Андан Рамдани, а уште како курсист бележи значителни пофалби од колегите и посетителите на нејзината Фејсбук страна.
Во продолжение погледнете ги прекрасните изработки на оваа талентирана и млада артистка: