Исповед на една „кинг сајз“ манекенка: Како го засакав своето дебело тело?

Тес Манстер го мразела своето тело. Се срамела од вишокот килограми, стрии и белези. Тешко и било да се разголи и соблече пред некој маж, а притоа да се облече во заводлива долна облека како нејзините врснички, не можела ни да помисли. Додека еден ден сето тоа не се променило.

 ispoved-na-edna-king-sajz-manekenka-kako-go-zasakav-svoeto-debelo-telo-01

Тес денес е „плус сајз“ модел за долна облека, заљубена во својот физички изглед и не би го менувала за ништо на светот.

Во својата исповед за магазинот „Хафингтон пост“ раскажува како изгледал нејзиниот живот порано:

- Ми се случувало да се расплачам при самата помисла дека некој може да ме види без облека. Како станував поголема, сè потешко ми беше да имам позитивен однос кон себе. Она што од корен ме смени се силата и упорноста. – рекла Тес

Тајната била во тоа што решила сама пред огледало да облече секси долна облека или некое омилено парче облека и долго да се гледа, проучувајќи го своето тело и своите чувства.

Годините на криење и пролеани солзи по макотрпна борба да се задоволи сама себе конечно останале зад неа кога во една прилика, гледајќи го својот одраз, сфатила колку била неправедна кон себе и како мразејќи го своето тело ја уништила и својата самодоверба.

ispoved-na-edna-king-sajz-manekenka-kako-go-zasakav-svoeto-debelo-telo-1

- Сите оние парчиња облека кои порано не сакав ни да ги погледнам сега ми се омилени. Модел сум, но имам стомак, целулит, стрии, свиснати гради, белези и не се срамам, бидејќи не сметам дека заради нив сум помалку вредна. Напротив, сето тоа ме прави интересна, исто како и моите тетоважи од кои секоја има своја приказна и за мене има непроценлива вредност – искрена е Тес.

Таа вели дека секое тело раскажува своја приказна и дека таа приказна, како и телото, кај секого е посебна, необична, единствена. Не мора сите да изгледаме идентично.

- Зошто да бидеме свои најголеми непријатели? Дури и кога немате момче или маж, средете се и бидете убави за себе, бидејќи таа врска е најважна која ќе ја имате во животот. Секој заслужува да се чувствува посакувано, секси, прекрасно – порачува оваа девојка.

ispoved-na-edna-king-sajz-manekenka-kako-go-zasakav-svoeto-debelo-telo-3

ispoved-na-edna-king-sajz-manekenka-kako-go-zasakav-svoeto-debelo-telo-5

ispoved-na-edna-king-sajz-manekenka-kako-go-zasakav-svoeto-debelo-telo-4

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg