Вежби за поубави нозе

Секојдневно чувствувате болки во нозете. По цел ден во високи потпетици, во движење, навечер во дискотеки и кафулиња и кога ќе дојде време...

 


... да легнете не сакате ништо повеќе освен  добро да си ги испружите нозете. Ви предлагаме неколку вежби за поубави и одморени нозе.

Вежби наутро

По неколку часови сон, циркулацијата во организмот е забавена, па треба да се поттикне. Овие вежби помагаат и да не дојде до задржување на течноста и отекување на нозете, посебно ако ви претстои долго стоење или седење.|

1. Застанете право, приближете ги стапалата, испружете ги рацете напред и кренете се на прсти. Останете во таа положба 5-6 секунди, потоа вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата 10 пати. Со оваа вежба крвта полесно стигнува до срцето.

vezbi-za-poubavi-noze1
2. Легнете на десниот колк со десната рака под главата, колената нека бидат благо свиткани. Левата нога кревајте ја и спуштајте ја 15 пати. Префрлете се на лева страна и повторете го истото. Оваа вежба ја забрзува циркулацијата.

3. Застанете со лице кон ѕидот, на растојание од 1 метар. Пријдете кон ѕидот со една нога и потпрете ги дланките на ѕидот. Ногата која ви е позади, останала испружена, со стапало цврсто залепено на подот.

Наведнете се нанапред одбивајќи се со дланките од ѕидот, додека не почувствувате затегнување во мускулите на нозете. Останете така 10-тина секунди.

Потоа, повторете ја вежбата со другата нога. Повторете ја 3 пати. Вежбата е исклучително корисна ако во текот на денот повеќе време стоите.

Вежби пред спиење

1. Легнете на грб, со рацете зад главата, нозете подигнете ги за да го допрат ѕидот. Останете така 10 секунди, а потоа и двете нозе свиткајте ги до градите. Тоа повторете го 2 пати.

2. Испружени на грб, со нозете свиткани во колената, подигнете ја едната нога и со стапалото правете мали кругови – 10 налево, 10 надесно. Изведете го тоа и со другата нога. Оваа вежба помага да спаднат отоците на ножните зглобови, бидејќи тоа ја поттикнува крвта да тече одоздола нагоре. Посебно е корисна по носење на чевли со високи потпетици.

3. Седнете на под, свиткајте ги нозете во колената и приближете ги кон телото, што е можно поблиску. Со рацете разделете ги колената и притискајте ги настрана. Вратете се во почетната положба одбивајќи се со рацете од колената. Изведете ја вежбата 5 пати, а потоа испружете ги нозете. Вежбата ги зацврстува бутните мускули и ја поттикнува циркулацијата. Не е лесна, но корисно е да бидете упорни.

Би можело да ве интересира:

8 грешки со кои си ја уништувате есенската и зимската облека Ставате премногу омекнувач и не ги носите палатата на хемиско, туку ги перете во...
8 застарени модели на накит и модни додатоци кои треба да ги замените со помодерни Заборавете на ремени и чанти со огромни логоа и букви на брендови, старинскиот з...
10 модни трикови со кои ќе изгледате послабо Панталони со висок струк, блузи со V-израз... Како да се облечете, а да изгледат...
6 трендови од Модната недела во Париз што ќе бидат хит оваа есен Покрај леопардскиот принт, и комбинацијата од кратко здолниште со долг мантил ст...
Модниот стил на новата кралица на Данска - Елеганција и префинетост во секоја комбинација (фото) Ја споредуваат со Кејт Мидлтон, обожава мини шапки и букети свежо цвеќе кои чест...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg