Заоблени и прекрасни: Ѕвезди кои не сакаат да ослабат по ниедна цена

Постојаното инсистирање за слабеење, сите диети и анорексични модели кои ги гледаме на светските модни писти честопати е тема за дискусија.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-01

Наспроти нив, во јавноста се појавуваат и прекрасни девојки со облини кои воопшто не се срамат од своето тело, сакаат да се покажат и знаат гордо да се носат со тоа, истакнувајќи дека жената не треба да се гледа и цени само според физичкиот изглед. Многу од нив се дури и позгодни и поубави од бројните слаби манекенки.

Некои од нивните изјави прават да сфатите колку се прекрасни и однадвор и однатре

Лина Данам

- Не верувам дека која било слаба девојка ќе привлече толку  внимание кога ќе се појави во кратко здолниште без гаќи како мене. Навикнете се – планирам да живеам 105 години и да ги покажувам своите облини секојдневно.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-1
Бијонсе

- Прифатете го своето тело. Ако имате облини, сакајте ги. Она за што треба да се борите е да имате убаво, но и здраво тело, неважно дали е слабо или дебело. Најважно е да се сакате себе и да бидете здрави.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-2

Кејт Аптон

- Навистина не разбирам зошто се прави толкава врева околу градите. Но јас знам зошто ги сакам и не прифаќам критика на таа сметка за тоа што ми се големи.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-3

Селма Хаек

- Наспроти сè, позната сум и убава, но она што најмногу го сакам кај себе нема врска со тоа, бидејќи не дозволувам како личност да ме дефинираат убавината и богатството.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-4

Америка Ферера

- Сета таа грижа околу телото го става во сенка она што мислам дека е најважно, а тоа е љубовта кон себе и запознавањето на себе однатре.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-5

Кристина Хендрикс

- Се чувствувам божествено. Би се соблекувала и би се гледала во огледало секојдневно за да се уверам како конечно изгледам женствено. Толку сум убава со облини, што никогаш не би помислила да ослабам.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-6

Џесика Симпсон

- Никогаш не сум сакала да бидам анорексична и мислам дека тоа е правилна одлука која на некој начин ме обележува. Кога си преслаба, повеќето девојки не можат да се идентификуваат со тебе.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-7

Ким Кардашијан

- Никогаш не сум тврдела дека сум совршена. Бесмислено е да се мисли дека некој е без маани само затоа што е под рефлекторите. Понекогаш се прејадувам, но и тогаш се чувствувам одлично, бидејќи си помислувам: „Ова вредеше“.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-8

Адел

- Не е важно како изгледаш додека си среќен во сопствената кожа. Пред да посакаш да поправиш нешто на себе, прво биди сигурен дека навистина се сакаш.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-9

Џенифер Лопез

- Зошто да немам малку повеќе месо на себе? Никогаш не сум се сметала за дебела. Тоа сум јас. Покрај такви жени сум израсната, кои секогаш сум ги сметала за прекрасни. Никогаш не сум помислила дека има потреба да се менувам.

zaobleni-i-prekrasni-zvezdi-koi-ne-sakaat-da-oslabat-po-niedna-cena-10

Би можело да ве интересира:

8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Како стојат истите модни комбинации на слаба и на девојка со облини? (фото) Целта на пријателките Денис и Марија е да покажат дека некои комбинации изгледаа...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено) Кажете им „не“ на тесните фармерки, а прифатете го облекувањето во слоеви... Как...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
7 највпечатливи филмски костими за капење: Култни парчиња кои се модерни и денес Бонд девојки, спасувачки на плажа, Чарлиеви ангели... заедничко за сите нив е шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg