Како да го скриете стомакот без диета
Сигурно досега сте пробале многу диети и успешни и неуспешни, некои вежбаат некои не, и секогаш најголемиот проблем е да се намали или уште подобро, да се скрие стомакот.
Изборот на соодветна облека може да ви помогне за да го скриете стомакот. Но, има уште неколку мали совети и трикови:
Избегнувајте да носите тесни маички
Доколку не можете да се откажете од тесните или кратки маички, знајте дека тоа уште повеќе ја истакнува вашата несовршеност. Затоа ви ги предлагаме беби-дол моделите од памук или лен.
Не носете панталони со џебови
Ѕвонарките или оние кои се тесни кај бутовите и широки кај ногавиците, не се вистинскиот избор за вас. Купете панталони со странични рабови или патенти. Панталоните со големи џебови, исто така, не се паметен избор.
Удобно палто
Одберете сако или елече кои не се претесни, не ве притискаат, а со тоа и не ви го истакнуваат стомакот. Ви предлагаме сакото да биде на копчиња или на врзување околу половината со што ќе го поправите визуелниот ефект.
Внимателно избирајте материјали
Оние кои имаат проблем со килограмите треба да водат сметка при изборот на материјали од кои е направена гардеробата. Посебно треба да избегнувате полиестер и ликра, бидејќи тие се лепат на телото и го истакнуваат стомакот и другите несовршености.
Чантата е одличен додаток
Модните додатоци како што е чантата, исто така може да помогне при прикривањето на недостатоците. Без разлика дали се работи за голема или мала торба, шал замотан околу вас или некој друг додаток, сето тоа се детали кои ќе направат да изгледате поубаво или повитко.