Димитар Атанасовски со нова фотосесија за Celio*

Викендов тимот на Celio* се дружеше со својот бренд амбасадор Димитар Атанасовски за време на фотосесијата за есен/зима 2013.

dimitar-atanasovski-so-nova-fotosesija-za-celio-01

Димитар носеше комбинации кои ги покриваат сите линии на овој француски бренд за мажи, почнувајќи од спортската колекција, секојдневната, лежерна колекција па сè до формалната колекција Celio* Club, која оваа сезона нуди одела со одлична линија кои Димитар ужива да ги носи.

Во оваа прилика, имаме и кратко интервју со него:

1. Веќе втора година си амбасадор на Celio* за Македонија. Како го доживуваш овој ангажман?

Димитар: Многу ми е драго што се случи оваа соработка со луѓето од Celio*, досега сум многу задоволен како се одвиваат работите, пред сè бидејќи лично многу ми се допаѓа брендот и одговара на моите потреби без разлика дали сум на телевизија, во радио или пак поминувам слободно време и се релаксирам.


2.
Како ти се допаѓа новата колекција на
Celio* за есен/зима 2013? Дали можеш да издвоиш некое омилено парче?

Димитар: Колекцијата е одлична! Уште кога стигнаа првите парчиња во продавницата на Celio* веќе имав некои фаворити кои дефинитивно ќе станат дел од мојот гардеробер сезонава  - тука се неколку пара на патики, чевли, една бомбер јакна и се разбира неколку одела кои според мене имаат феноменален крој.


3.
Знаеме дека си ангажиран на повеќе различни проекти па од тебе се бара и различен стил на облекување за секој од нив. Кој стил најмногу ти лежи?

Димитар: Лежерниот стил, комбинацијата на џинс со маички со принтови и некоја интересна јакна можам да кажам дека најмногу одговара на мојот карактер и начин на живот. Сепак кога носењето на формална облека е задолжително, не ми претставува проблем, бидејќи ги сакам и оделата и поелегантните комбинации.


4.
Кои се твоите впечатоци од најновата фотосесија за брендот и каде ќе можеме да ги видиме сликите?

Димитар: Сесијата беше забавна, супер си поминавме и мислам дека завршивме одлична работа. Стилот на фотографиите е минималистички, едноставен и чист, такашто облеката навистина доаѓа до израз. Фотографиите ќе бидат објавени на социјалните мрежи, на веб и  Facebook фан страната на Celio* и на неколку портали.

Ви претставуваме неколку фотографии од сетот за новата колекција есен/зима 2013 и како Димитар беспрекорно ги носи моделите на Celio*.

Наскоро, очекувајте и нова галерија со целосен каталог од овој врвен бренд.

Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 модни додатоци со кои секогаш ќе бидете тренди (и вреди да ги платите повеќе) Црната чанта, елегантниот рачен часовник и минималистичкиот накит се модни додат...
Алмедина Исмајли - македонска новинарка со впечатлив стил (фото) Од елегантни фустани до спортски комбинации и многу корсети - македонската новин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg