Есенски модни предлози за урбани мажи
За сите мажи кои оваа есен сакаат да изгледаат беспрекорно, неопходно е да бидат во чекор со најновите модни трендови, бои и дезени. Пред да пристигнат постудените денови, разгледајте ги трите главни есенски стилови или “модни универзуми” и подгответе се за долгата и разновидна есен која претстои.
Првиот “урбан” универзум се карактеризира со англиска елеганција кадешто секое парче има суптилна уникатност, одлична за секојдневно облекување.
Материјалите кои доминираат во овој дел од колекцијата се волната и кадифето во бургундско црвена, окер и кафена боја.
Особено внимание се посветува на кроевите кои оваа сезона сè уште повеќе припиени до телото, како и деталите (внатрешноста на јаките и манжетните, рабовите на јакните и панталоните).
Вториот универзум се фокусира на дизајни кои се верни на правецот кој го следи брендот како на пример јакните со пердуви кои доаѓаат во неколку варијанти со или без ракави.
Влијанието на војничкиот тренд е повторно е присутно, со нијанси на кафена, каки и сива боја во комбинација со зелени и сини детали.
Третиот универзум е местото каде доминантни се костумите во кои традиционалниот крој се спојува со современи елементи.
Палтата се дополнети со украсни марамчиња во тон со рабовите во боја. Плетените парчиња се комбинираат со фланел и твид за топол и модерен контраст.
Ова се неколку предлози за модерни есенски комбинации од брендот Celio* за сите мажи кои го сакаат урбаниот и елегантен стил.
Celio* е француски бренд за мажи кој нуди модерна и трендовска облека и модни додатоци по достапни цени.
Наменет е за урбаниот, динамичен маж кому му треба соодветна гардероба за секој аспект од живеењето.