Replay со нова колекција за есен/зима и спонзор на ФК Барселона
Најновата кампања на Replay е огромна и освежувачка промена во за овој бренд. Есенската и зимска колекција е во модерен и урбан стил, со малку посензуална рекламна фотосесија.
Двата модели кои се дел од оваа фотосесија се во нераскинлива романса, која на целата колекција и дава доза на сексапил на кој нема да му одолеете.
Посветена на сите оние кои ја сакаат црно-белата едноставност, новата колекција од Replay е составена од многу едноставни парчиња облека кои можете да ги искомбинирате по ваш вкус и да ја искажете својата смисла за мода.
Преовладува џинсот во комбинација со кожата, без многу детали и бои, што е идеален спој за постудените денови.
Покрај успешната есенска колекција, Replay од оваа година е официјален спонзор на фудбалскиот клуб Барселона. Во наредните четири години тие ќе носат квалитетни парчиња облека со веќе докажан потпис.
Совршено несовршената колекција, како што и е наречена оваа кампања, е идеална за сите оние кои го сакаат лежерниот изглед и тежнеат кон совршени парчиња џинс кои ќе ја истакнат нивната фигура.