Прошетка низ историјата на уметноста со високи потпетици
Колекцијата на уникатни дизајнерски потпетици, изработена од Ник Аделман, претставува исклучително креативно претставување на сите важни уметнички обележја на различните култури во светот.
На секој женски чевел се претставени карактеристиките коишто ја одбележуваат историјата на секоја земја, при тоа сите се истакнуваат со особен квалитет, палета на бои и дизајни.
Ник Аделман одлично го исполнил предизвикот за серија од елементи на секоја култура да бидат комбинирани и претставени на еден предмет, односно, на еден женски чевел.
1. Келтска култура
Претставена е келтската култура за која е препознатлива зелената боја, а на потпетицата се претставени карактеристични животински симболи.
2. Кинеска култура
Кинеската култура е обележана со црвената боја, а на потпетицата е модифициран карактеристичниот кинески симбол на змејот.
3. Византиската култура
Претставена преку колоритот и симболите на христијанството, со насликана претстава за Богородица и многу крвчиња како симболи.
4. Арт - деко
Потпетици со висок стил, карактеристични бои и истакнати врвови во дизајнот се карактеристични за овој период во историјата на уметноста.
5. Барок
Потпетиците кои се најмногу накитени со многу елементи и симболи го претставуваат барокниот стил во уметноста.
6. Готика
Готските потпетици се претставени со дизајн кој потсетува на готските катедрали. Со сива боја, метални елементи и уметнички комбинирани бои кои ја надополнуваат целосната претстава.
7. Египетска култура
Потпетици со типична египетска уметност, во која се забележуваат симболите на фараоните, карактеристичните елементи и силните бои.
8. Грчка култура
Грчките женски чевли се дизајнирани со претстава на грчките воини, делови кои личат на воените штитови, а на потпетицата се искористени модифицирани карактеристичните грчки столбови.
9. Исламска култура
Исламската култура е претставена преку дизајнот кој наликува на исламското уредување на домовите и нивната карактеристична традиционална облека.
10. Јапонска култура
Јапонската уметност целосно е претставена на потпетицата со насликана традиционална Јапонка и карактеристичното дрво на јапонска цреша.