Предлог аксесоари за месец септември: Елегантни часовници
Кога работната сезона е веќе започната, ви предлагаме да ја започнете со стил. Доволно е само да се подновите со еден функционален и модерен додаток кој ќе ви се вклопи во елегантното, работно секојдневие.
Ние ви предлагаме 4 часовници од најновата колекција на CASIO, која се одликува со доза на префинетост и едноставност.
Девојките овие два часовници може да ги комбинираат со пантолони или здолништа со класичен крој и лежерни кошули во неутрални бои. Високите потпетици или балетанките се ваш избор, а задолжителен детал е сребрениот часовник.
Посилниот пол ја обожава елеганцијата, па затоа ги одбравме овие 2 CASIO часовници кои ги задоволуваат сите потреби на еден современ маж. Сребрениот аксесоар на машката рака е вечна класика, исто како и пантолоните и кошулите кроени по мерка.
-->
|