Фламбојаж - фризура која го надмина неодоливиот омбре стил
Омбре фризурите владеат веќе неколку години, но изгледа не се вечни како што многумина мислеа. Пред извесно време се појави најновиот фламбојаж тренд кој го промовираа Џесика Бил и Викторија Бекам.
Фламбојаж е техника на боење на прамени коса, која означува сенчање на косата или природен ефект на сонце во косата. Се заснова на нееднакво боење на тенки прамени извлечени од целата површина на косата.
Резултатот е прекрасно прелевање на прамените и основните бои, со што се постигнува природен ефект кој инаку е најтежок за постигнување.
Овој начин на боење на косата ќе го освежи вашиот тен на лицето, ќе добиете потопол и мек изглед на косата, а посебно е значаен ефектот на подмладување.