Избришете ги брчките по природен пат

Сончевите зраци ја оштетуваат кожата која лесно пука и го зголемува нивото на брчки околу очите и усните. По завршетокот на летото лицето нахранете го со маски кои ќе и го вратат сјајот и еластичноста.

izbrisete-gi-brckite-po-priroden-pat-01

Најдобрите и најделотворни маски се наоѓаат во вашата кујна, па затоа издвојте ги бананите, медот и белките и започнете...

Маска од белки

Состојки: Јајце,  маслиново масло, лимон

Подготовка: Издвојте ја белката од јајцето и изматете ја со рака колку повеќе можете. На крај додадете лажица маслиново масло и лажица сок од лимон. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да делува 20 минути. Исплакнете со топла вода.

Протеините и минералите од белката ја хранат кожата и ги затегаат порите, лимонот длабински ја чисти, а маслиновото масло е богато со витамин Е.

Маска од мед

Состојки: Јајце, мед, етерично масло од сандаловина, етерично масло од анасон

Подготовка: Белката измешајте ја со една лажичка мед и 4 капки масло од сандаловина и анасон. Мешавината нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 30 минути.

Белката ја зацврснува кожата, медот ја враќа влажноста и и дава сјај, а етеричните масла ја зголемуваат еластичноста. Покрај тоа што оваа маска ќе ви ја затегне кожата, во едно ќе ви го изедначи тенот и длабински ќе ја хидрира кожата.

Маска од банана

Состојки: Банана, јогурт, мед

Подготовка: Промешајте половина изгмечена банана, три лажици јогурт и лажица мед. Мешавината кратко загрејте ја и топлата смеса нанесете ја на вратот и лицето. Доволно е да ја оставите да делува 10 минути, а потоа исплакнете и нанесете хидратантна крема.

Комбинација од мед и јогурт ја чисти кожата и делува антибактериски, а бананата ја хидрира кожата и го спречува повторното појавување на брчки.

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
Делува вулгарно и непрофесионално - летна гардероба која не е добар избор за на работа Парчиња гардероба, кои се апсолутен хит во текот на летото, но никако не се пого...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...
Модни детали поради кои делувате постаро (дури и без да сте свесни за тоа) Пластичен накит, жолта нијанса на русата коса - што прави да делувате постаро од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg