3 фризури за гламурозно лето (фото)
За овие три фризури потребни ви се три различни помагала, покрај обичните шноли. Но, нема нешто комплицирано, па затоа се идеални за да ги изведете сами, а ќе добиете гламурозен изглед за само неколку минути.
Банана плетенка
За оваа фризура потребни ви се неколку обични шноли, пластична дупла шнола, тенок чешел и лак за коса. Потребно е да знаете да сплетете внатрешна плетенка, а потоа да ја претворите во совршена вечерна фризура. Фотографиите ќе ви помогнат за тоа.
Пунџа од чорапа
Потребна ви е една чорапа за правење пунџа која можете да ја направите и сами, мали шноли и лак за коса. Во само неколку чекори соберете ја косата, замазнете и добијте супер ретро фризура.
Марама во плетенка
Можеби една од најактуелните летни фризури, која многу лесно може да ја постигнете со само една интересно дезенирана марама. Како? Погледнете во продолжение.