Во 3 чекори направете модерно макси здолниште

Удобните, лелеави и комотни макси здолништа заради својата практичност се најпосакуваното парче летна гардероба. Затоа што посакувате да имате 10тина вакви здолништа во вашиот гардеробер, не е потребно да трошите многу пари, ниту време. Во само 3 чекори можете да создадете уникатен и удобен модел по ваша желба.

vo-3-cekori-napravete-moderno-maksi-zdolniste-01

Најпрво, одберете материјал кој најчесто може да го најдете во сите продавници каде што на големо се продаваат различни ткаенини за многу ниска цена. Тој може да биде еднобоен, шарен или пак дезениран со цветови, точки, линии...

Потребен материјал за подготовка на макси здолниште:

  • Околу 1,5 метар материјал (задолжително измерете ја должината од струкот до стапалата)
  • Околу 80 сантиметри растеглив ластик
  • Метро
  • Креда или парче сапун
  • Шивачка машина
  • Ножици

Постапка:

Ткаенината преклопете ја на половина и измерете ја ширината на вашите колкови. Означете го материјалот во должина и ширина и исечете два, еднакви парчиња од материјалот.

Започнете со шиењето. Внимателно сошијте ги рабовите од двете страни, а кај струкот подвиткајте го материјалот 3-5 сантиметри, зависно од тоа колку широк е ластикот.

Превитканиот раб сошијте го, а потоа полека вметнувајте го ластикот.

Долниот раб на здолништето нема потреба да го порабувате, туку само да го исечете правилно.

vo-3-cekori-napravete-moderno-maksi-zdolniste-02

Вашето омилено парче облека е готово, за само 20тина минути!

По желба комбинирајте го со дебел колан, надворешен украсен ластик или пак сошијте машна од самиот материјал која ќе биде одличен аксесоар.

Ова се неколку идеи кои може да ви послужат како инспирација.

vo-3-cekori-napravete-moderno-maksi-zdolniste-03

vo-3-cekori-napravete-moderno-maksi-zdolniste-04

vo-3-cekori-napravete-moderno-maksi-zdolniste-05

vo-3-cekori-napravete-moderno-maksi-zdolniste-06

vo-3-cekori-napravete-moderno-maksi-zdolniste-07

vo-3-cekori-napravete-moderno-maksi-zdolniste-08

vo-3-cekori-napravete-moderno-maksi-zdolniste-09

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Пролетни и летни комбинации со долги здолништа (фото) Тесни или во А-крој, без разлика за кое од нив ќе се одлучите нема да погрешите,...
Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...
5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...
Предлог комбинации со омиленото парче за студените денови: Широк џемпер со ролка (фото) Им стои добро на буквално сите, а изгледа одлично со скоро сè – од фармерки, до ...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
Најчести грешки што ги правиме кога избираме летна облека (поради што се потиме повеќе) Избираме светла облека, но во тесен модел; купуваме облека во боја која ви е оми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg