4 совети за убави стапала
Ако сте биле подготвени да издвоите време и пари за педикир, потрудете се уште малку за изгледот кој сте го добиле во салонот да ви потреае подолго.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го сочувате свежиот изглед на стапалата што подолго.
После педикир облечете апостолки
Откако во салонот сте завршиле со дотерување на вашите стапала и самите мора да им обрнете внимание за да го сочувате негуваниот изглед што е можно подолго.
За почеток потрудете се по педикирот да си подготвите апостолки за обувките да немаат никаков контакт со нозете.
Балетанките, или било кои затворени обувки може да расипат некој од слоевите лак на ноктите.
Дајте си време
Иако вообичаеното време за чекање во салонот по завршениот педикир е 15 минути, на слоевите лак на ноктите им треба малку повеќе време за да се исушат, па потрудете се да не ги притискате ноктите и стапалата што е можно подолго.
По релаксирачкиот третман во салонот, обидете се и дома да се опуштите со добро заштитени и подигнати стапала покрај ТВ или некоја добра книга.
Избегнете ги сите активности кои ве тераат да се потите
Сите знаеме дека по педикирот не треба веднаш да одите на џогинг, но она што е помалку познато е дека потењето од било каков вид може да ги оштети нанесените слоеви на ноктите. Затоа потрудете се по педикирот да ги избегнете и релаксирачките активности како сауна или јога.
Секојдневно користете масла
Она што најмногу делува на тоа стапалата да ги запуштиме е сушењето на кожата, па потрудете се секојдневно да најдете време да ги намачкате ноктите и пределот околу ноктите со специјално масло за спречување на сушењето на кожата, а најдете и препарат кој ќе биде погоден за хидратација на целото стапало.