Брзи решенија за 5 женски летни проблеми
Има толку многу причини заради кои го сакаме летото, но има и неколку ситни проблеми кои секојдневно ни задаваат мали главоболки.
Еве како може да се решите од овие типични летни проблеми кои ја загрозуваат вашата убавина во летниот период.
Ви делува дека шминката ви се топи штом излезете надвор?
Сите козметички препарати се направени така што во допир со вода секогаш се раствора, па затоа не е ни чудо што кога се потите мислите дека шминката се растекува. За да го спречите овој проблем секогаш користете квалитетна подлога за шминка, а уште подобро би било ако не користите дебел слој на пудра. Спрејовите за зацврстување на шминката се исто така одлично решение.
Црвени и болни траги по бричењето
Кожата можеби изгледа сјајно, но таа е полна со ситни топчиња околу коренот на секое влакно. Затоа, избегнувајте суво бричење. Секогаш користете пена или крема за бричење, не притискајте премногу и сетете се на време да ги замените сечилата.
Масна коса неколку часа по бањањето
Кожата на главата е прво место на кое телото започнува да се поти, па би било добро да имате при рака сув шампон. Тој ќе ви ја врати свежината на косата, а воедно ќе ви заштеди и време.
Иако плативте многу пари за маникир, ноктите ви пожолтеа
Повторно сонцето е криво! Тоа ја менува бојата на ноктите, па затоа следниот пат не заборавајте да побарате лак за нокти кој е отпорен на UV зраците ако сакате да ја задржите оригиналната боја. Но, кога веќе го имате овој проблем најдобро е да го отстраните лакот или гелот и да нанесете светла боја лак на природните нокти.
Од кремите за самопотемнување ви останаа темни траги
Најдобар начин да се ослободите од сите флеки на телото е мешавината на прашок за печиво и лимон. Измешајте две лажици прашок за печиво и две лажици лимонов сок. Пастата која ја добивте нанесете ја на флеката, почекајте некоја минута и исплакнете.