Морската сол во служба на вашата убавина
Морската сол е одлична за вашата убавина. Подеднакво е добра во чистењето, затегнувањето и омекнувањето на кожата.
И покрај тоа што мислевте дека солта само непотребно ја суши кожата, напротив, таа е преполна со магнезиум, калиум и натриум, што ја прави совршен сојузник на вашата убавина.
Солен пилинг против груба кожа
Промешајте слатка павлака со лажица морска сол и направете одличен пилинг за кожа. Нанесете и почекајте 10тина минути да делува. Потоа исплакнете со млака вода. Практикувајте го овој пилинг два пати неделно доколку сакате да се решите од грубата кожа.
Избелете ги забите на природен начин
Скапото избелување на забите може да го замените со мешавина на морска сол и сода бикарбона. Помешајте една кесичка сода, малку сол и додајте неколку капки оцет, па со добиената паста измијте ги забите. Оваа постапка не смеете да ја повторите повеќе од 3 пати месечно.
Морска сол за сјајна кожа
Во еден мал сад ставете лажичка сол и лажичка маслиново масло, а потоа мешајте неколку минути. Мешавината нанесете ја на лицето и масирајте 5 минути пред да исплакнете.
Купка за заморени стапала
Купката за стапала со морска сол помага за циркулацијата, болките и габичните инфекции на нозете. Доволно е да промешате една шолја морска сол со топла вода и во неа да ги држите стапалата најмалку 15 минути. Потоа исплакнете ги со ладна вода и нанесете крема.