5 мали фустани кои мора да ги спакувате за летниот одмор

Упатства за брзо пакување: фармерките пратете ги на заслужен одмор, а во куферот фрлете 5 клучни фустани, римјанки и гумени апостолки.

pet-mali-fustani-koi-mora-da-gi-spakuvate-za-letniot-domor-01

Вака ќе бидете подготвени за било какви настани на летниот одмор.

1. Едноставен бел фустан

Можете да го носите со вашите римјанки и некоја сламена чанта за природен изглед. Во оваа група припаѓаат транспарентните фустани со пастелни цветови.

2. Краток црн фустан

На девојките им е исклучиво важно вечерното излегување и нормално е дека сакаат во тие моменти да изгледаат како да се на црвениот тепих. Овие безвременски парчиња облека се секогаш впечатливи и лесно можат да се комбинираат со различни додатоци.

3. Припиен морнарски фустан

Навистина нема смисла сето вежбање ако на крај не се покаже женствената фигура која сте ја добиле. Со овој фустан ќе постигнете визуелно да изгледате повитко и ќе ги истакнете облините на вистинските места особено ако фустанот е набран и долг до колена.

pet-mali-fustani-koi-mora-da-gi-spakuvate-za-letniot-domor-02

4. Металик коктел

Оваа сезона голем тренд се припиените металик фустани кои оцртуваат телото. Тие исто се украсени со интересни везови, камчиња, дезени што всушност е најголемата причината за нивната популарност.

5. Фантазија на сладоледот

Кога нарачуваме сладолед секогаш настанува една експлозија од вкусови, но зошто тоа не го насочиме во облекувањето. Ако сте девојка која купува исклучиво неутрални парчиња облека, направете промена и додадете боја или некој графички дезен и комбинирајте со гумените апостолки. Направете го ова и подготвени сте за прошетка.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg