Хит на летото 2013: неон бои
Секое лето подразбира весели и силни бои, меѓутоа, трендот кој продолжува и ова лето се гардероба и детали во неон бои.
Секако дека најпопуларни се розеоа и жолто/зелената, најпрво поради впечатливоста, а потоа поради веселоста и динамичноста која ја носат со себе.
Што се однесува до дневните варијанти, не треба да се претерува и да се облечете од глава до петици во овие бои – едно парче гардероба или еден детаљ ќе бидат сосема доволни.
Ако сакате да бидете модерни на работа, предлагаме сако во модрна неон жолта боја која одлично прилега со сите пастелни нијанси.
Што се однесува до ноќните варијанти, можете да си играте колку сакате, комбинирањето на неон жолтата боја и маскирните мотиви (на пример маица и пантолони), потполно еднобојните комбинации (жолто и жолто, розево и розево) или комбинирање на жолта и розево (со некое парче гардероба на пруги, ќе бидете во центарот на внимание).
Особено интересни се неон асесоарите, како што се обетки, шарпи и сè попопуларните ланец огрлици.
Едно парче накит, на пример нарквица, доволно е на целата комбинација да и даде нова нота.
Инвентивните, со малку труд може да имаат нокти во неон бои.
Подготвени за експерименти?