Направи сам: Лак за нокти по своја желба

Ова е одличен мал проект, посебно корисен во оние „минута до 12” ситуации кога се спремате за излегување, а сфаќате дека ви недостасува токму таа нијанса на лак која совршено би се совпаѓала со новите чевли.

napravi-sam-lak-za-nokti-po-svoja-zelba-01

Сè што ви е потребно е безбоен лак, сенки за очи и една чепкалка.

Чекор 1

Одберете сенка во бојата која ја посакувате и иситнете ја со нож. Треба да се претвори во ситна прав. Можете да користите и повеќе сенки, да ги комбинирате и да создавате свои нијанси на лакови.

Чекор 2

Откако ќе ги измешате сенките во прав, направете мала инка од лист хартија и истурете ги во лакот за нокти. Измешајте ја смесата со чепкалка за да не ви останат грутки. Затворете го лакот, промешајте го неколку минути и спремен е за нанесување.

napravi-sam-lak-za-nokti-po-svoja-zelba-02

napravi-sam-lak-za-nokti-po-svoja-zelba-03

Би можело да ве интересира:

4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
4-годишно девојче од Прилеп е модна инспирација на Инстаграм (фото) Забавни аутфити и талент за позирање, запознајте ја малата Марија од Прилеп, кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg