7 парчиња облека за секоја пригода

Модните трендови доаѓаат и поминуваат, но постојат неколку парчиња кои едноставно морате да ги имате во гардероберот и кои ќе ви помогнат постојано да имате модерна и практична комбинација.

7-parcinja-obleka-za-sekoja-prigoda-01

Сако за секоја пригода

Ова парче облека ќе направи секогаш да изгледате убаво на работа, а е одлично и за комбинирање со фармерки, за секојдневна лежерна комбинација.

Исто така, во ладните пролетни и вечери може да ве стопли бидејќи совршено одговара и со фустани и здолништа. На вас останува да одберете соодветен модел кој ќе ви прилега и од кој нема да сакате да се разделите.

7-parcinja-obleka-za-sekoja-prigoda-2


Класична бела кошула

Додека трендовите за маици и блузи се менуваат, класичната бела кошула останува. За ова парче облека, вреди да одвоите малку повеќе пари и да купите квалитетен модел кој ќе ви трае долго.

Најдобар модел на кошула е оној кој е изработен од памук и малку еластин.

Белата кошула одговара во комбинација со се: со панталони, со здолниште, под сако, на фармерки...

7-parcinja-obleka-za-sekoja-prigoda-3


Коктел фустанче во боја

Сите жени знаат дека задолжително е во гардероберот да имаат мало црно фустанче, но исто толку е важно да имате бар едно обоено коктел фустанче. Неверојатно е колку ова парче облека го освежува вашиот изглед, а можете да го комбинирате со јакничка, сако, хулахопки и сл.

7-parcinja-obleka-za-sekoja-prigoda-1


Совршени фармерки

Нема жена која во плакарот нема еден пар фармерки кои едноставно си ги обожава и со кои може да комбинира скоро се. Тоа се оние фармерки кои можете да ги носите на кафе, на прошетка, па и на вечерни излегувања.

Ако случајно спаѓате во оние кои сè уште не го пронашле својот совршен пар фармерки – време е.

7-parcinja-obleka-za-sekoja-prigoda-5


Уште посовршени чевли

Купете си бар еден пар убави, квалитетни чевли кои ќе ги носите додека не се распаднат.

7-parcinja-obleka-za-sekoja-prigoda-6


Чанта

Чанта која ќе биде доволно модерна и практична и во која можете да сместите се што ви е неопходно за едно излегување.

7-parcinja-obleka-za-sekoja-prigoda-4


Накит

Имајте еден пар обетки или голем прстен кој ќе го носите со себе ако случајно треба после работа да се продолжи некаде на забава.

7-parcinja-obleka-za-sekoja-prigoda-7

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg