Водич за девојки: Како до елегантен и модерен изглед на работа?
Не мора секогаш да бидете строго елегантно и едноставно облечени, но доколку сакате да делувате сериозно и одговорно, мора да запазите неколку правила за облекувањето на работното место.
Некои парчиња облека се едноставно создадени за летни прошетки, а други пак за вечерни излегувања.
Упатете се кон гардероберот и пронајдете ги парчињата облека кои се создадени за во вашата канцеларија. А потоа, вешто комбинирајте ги.
- Секогаш бирајте гардероба која е во согласност со работата која ја извршувате, а не во чекор со најновите трендови.
- Кога носите сако, секогаш носете високо крената коса ако сакате да делувате сериозно и елегантно.
- Ускладете ги боите и секогаш одбирајте нежни пастелни и неутрални нијанси, ако веќе морате да се одморите од вечната црна.
- Силните бои носете ги само во вид на аксесоари, чанти или чевли.
- Кошулата е единственото парче кое смее да биде во некоја актуелна и модерна боја. За сè друго, држете се до класиката.
- Должината на здолништата мора да биде пет сантиметри над колениците. А за потенка фигура избирајте здолништа со висок струк и од лесен материјал кој не е припиен за вас.
- Провидните парчиња облека закачете ги подалеку од оние кои ги носите на работа. Таква грешка не смее да си дозволите.
- Доколку сте љубители на панталоните, тие секогаш би требало да бидат со рамен крој и класична должина. Може да се одлучите и за панталони со висок струк кои одлично ги издолжуваат нозете.
- Забранети се обувки со отворени прсти, па сандалите или римјанките не доаѓаат во предвид. Идеални се високите потпетици од 5 до 8 сантиметри.