Нов тренд – зелен кармин кој ја менува бојата според расположението
Дали сте напнати, дали држите диета, или сте нерасположени? Тоа јасно ќе се види на вашите усни. Новиот кармин на козметичката куќа Диор, „Магија на расположението“ е несекојдневен кармин затоа што во себе ја содржи бојата „Црвена 27“. Овој препарат реагира на pH вредноста и на температурата на усните на личноста која го носи. Поради својот состав лесно поминува од зелена во розова боја.
Изреката кога сте под стрес ја менувате бојата на лицето, со употребата на овој кармин го добива своето значење. Ако сте под стрес или држите диета, вашите усни ќе реагираат. Кога зелената боја ќе помине во розова, тоа е знак дека во вашето тело се случиле извесни промени.
По нанесувањето на карминот, бојата по неколку минути се менува, станува потемна, наликува на природната боја на усните, па усните од светло розови стануваат темно розови. Цената на Диоровиот кармин е 30 долари.