3 тренди плетенки кои можете да ги направите сами
Плетенката е една од најстарите фризури која може да се прави во стотици варијанти и може да ја носат и стари и млади.
Но, како што се менуваат трендовите, се менува и овој начин на обликување на косата, па така класичната плетенка добива нови, интересни форми.
Ако сакате и вие да ја испробате оваа без временска фризура, ви нудиме упатство како да ги направите трите најпопуларни плетенки.
1. Класична плетенка
- поделете ја косата на три дела, во еднакви прамени – А,B и C.
- префрлете го праменот А преку праменот B
- префрлете го праменот C преку праменот А
- праменот B префрлете го преку праменот C
- повторувајте ја постапката се додека плетенката не биде готова, а на крајот затегнете со ластиче.
2. Плетенка „Рибја коска“
- врзете ја косата во ниско коњско опавче
- поделете го на два дела
- од левата половина на косата извлечете тенок прамен и префрлете го во десната половина на косата и убаво затегнете.
- од десната половина на косата извлечете тенок прамен и префрлете го на левата половина и затегнете.
- повторувајте ја постапката додека плетенката не е целосно завршена, а потоа исечете го ластичето со кое е врзана вашата коса во реп и прицврстете ја доле со ново.
3. Плетенка „Јаже“
- поделете ја косата на два дела
- двата дела на косата смотајте ги цвртсо, спирално, додека праменот не стане рамен и тврд. Ако ви е полесно врзете го секој дел одделно со ластиче.
- со спирални движења мотајте ги прамените еден преку друг се до крајот на косата и прицврстете со ластиче.