Машка пролетна мода: Сите нијанси на сино
Кај посилниот пол оваа пролет најпопуларна е сината боја во сите нејзини нијанси. Можеби не изгледа нешто посебно иновативно, сепак сината боја ќе доминира и оваа сезона. Присутна е во сите дизајнерски колекции, а уличниот стил го следи тој пример.
Во стандардните небесно сина и тегет се облечени класичните, елегантни мажи, додека оние кои сакаат да експериментираат може да одберат тиркизна и кралска сина.
Она што е несомнено најпозитивната страна на оваа боја е што лесно се комбинира со секоја друга, па затоа овој тренд секој маж со задоволство би го прифатил.
Секогаш одбирајте маици и кошули во светло сини нијанси, сакоа и одела во темно сина и тегет нијанса, додека панталоните во кралската сина боја се апсолутен хит. Пар сини летни чевли ќе го финишираат секојдневниот изглед на навистина модерен начин.
Без многу напор оваа пролет може да изгледате модерно и стилски. Уживајте во сите нијанси на сината!