Женски матурски предлог: Стилето нокти
Доколку сакате да ги средите ноктите, а не знаете каква форма и дизајн да одберете имаме интересен предлог за вас. Посебно ако се спремате за матурска или апсолвентска вечер, ова е нешто што мора да го испробате.
Стилето ноктите не мора да се предолги, преостри или пак нападно украсени, како што ѕвездите практикуваат да ги носат. Можете да одберете едноставна боја која само ќе ги истакне и издолжи вашите прсти.
Ноктите со месо боја и малку детали се одлични доколку носите нешто шарено, цветно и весело. Доколку спаѓате во типот на девојки кои ги сакаат едноставните кроеви, фустанот кој го одбравте надополнете го со уникатен, впечатлив маникир кој сите ќе го забележат.
Ова се неколку пролетни идеи кои ќе се вклопат одлично во вашиот стајлинг за секоја пригода.
-->
-->
-->
-->
|