Направете плетенка рибја коска со два прамени
Плетенката рибја коска оваа сезона доби нов изглед. Оваа варијанта е идеална за вечерни излегувања или пак дневни прошетки во топлите денови. Лесна е и едноставна за правење, а уште полесна за носење.
За да ја направите потребни ви се само четка за коса, лак, ластиче и обични мали шноли.
Најпрво расчешлајте ја косата и одвојте еден дел од темето. Делот кој го одвоивте разделете го на два еднакви дела. Треба да добиете поделба како на сликата, со третиот прамен под надворешните делови.
Земете малку коса од страна и заротирајте ја околу праменот, па свртете го. Испреплетете ја косата на овој начин додека не дојдете до самиот крај.
Кога ќе дојдете кон крајот, би требало да ви останат само два поголеми прамени, а остатокот од косата да биде во внатрешната плетенка. Прамените кои ќе ви останат замотајте ги еден околу друг и врзете ги со ластиче.
Добиената плетенка малку разлабавете ја, а потоа доколку нешто стрчи средете го со лак за коса и мали шнолички.
Вака ќе изгледа плетенката доколку вешто ги следите сите чекори.