Како секогаш да имате што да облечете?
Една од главните женски маки е токму недостатокот на соодветна комбинација, и покрај толку многу парчиња облека во гардероберот.
Не бидете во заблуда дека треба постојано да ја обновувате гардеробата за да имате што да облечете, туку едноставно организираноста многу повеќе помага.
Практикувајте ги следниве совети за секогаш да се чувствувате уредно и задоволно.
1. Престанете да купувате без план. Секој денар кој ќе го потрошите на нешто непотребно, сметајте дека за некое време ќе ви затреба за нешто што ќе ви го украде срцето.
2. Исчистете го гардероберот. Тоа што гардероберот е полн со облека од пред 5 сезони, нема да ви помогне. Олеснете си ги утрата и наредете ги најчесто носените парчиња на дофат.
3. Средете ја облеката според намената, бојата или стилот.
4. Направете попис на работите кои не ви требаат и обидете се да ги препродадете ако се добро сочувани.
5. Избегнувајте да купувате облека на која модата брзо и минува.
6. Купувајте облека која веќе имате со што да ја носите.
7. Не купувајте нешто слично што веќе го имате, без оглед на тоа колку е ефтино.
8. Секој месец подновете се со едно или две парчиња, но со претходно добро осмислени комбинации за носење.
9. Не мора да биде најскапо за да е квалитетно. Никогаш не фрлајте многу пари само затоа што сакате џемпер од кашмир.
10. Клучните парчиња облека купувајте ги во неутрални бои.
11. Купувајте повеќе еднобојни парчиња облека. Принтовите и шарите бргу здосадуваат.
12. Ако не знаете како да се облечете, секогаш дотерајте се малку повеќе. Секогаш е подобро да бидеш дотеран, отколку да имаш чувство дека не се вклопуваш.