Модна инспирација од 60те - Mad Men (фото)
Моделите инспирирани од разни епохи од минатиот век, особено од 50-тите години кога преовладувале средени и дотерани домаќинки и мажествени мажи, завладејаа со пистите изминативе години.
Ова е ера на еманципација на жената, периодот пред Лондон да ја донесе на сцена мини сукњата и време кода жените воглавно биле домаќинки и мајки.
Нивниот стил бил многу женствени, иако конзервативен, постоела одредена доза заводливост. Мажите задолжително носеле одела, воделе сметка за изгледот и деталите како што се шешири и очила. Целиот овој свет е прекрасно претставен во популарната серија Mad Men.
Постојат два важни совети ако инспирација за својот изглед барате во минатите времиња.
Прво: никогаш немојте да изгледате како потполно да сте ги ископирале тогашните трендови. Не треба да изгледате како да сте испаднале од временска машина. Комбинирајте ги старите винтиџ парчиња со модерни елементи за вашата комбинација да биде свежа и уникатна.
Второ: Ѕирнете во плакарите на вашата баба. Без страв побарајте интересни парчиња и може да наидете на вашите идни трендовски модели.
-->
-->
|