Labello се враќа на македонскиот пазар
Еден од најпознатите брендови на овие простори, производот кој годините наназад беше синоним за нега на усните и со кој ги поминавме тинејџерските денови, Лабело, повторно се враќа на македонскиот пазар.
Лабело, денес е дел од секојдневната нега на милиони луѓе низ светот, обожувам од жените и мажите од различни генерации, користен во најразлични ситуации, на работа, во школо, на скијање и при вечерните романтични излегувања.
Бренд кој постои повеќе од 100 години, и кој континуирано ги изненадува обожавателите со своите иновации, и кој од јануари 2013 во повеќе различни вкусови е достапен за македонските граѓани.
Денес постојат повеќе од 20 различни видови на Лабело, кои пружаат оптимална нега на усните во секој момент. Како на пример: Labello Hydro Care – ги навлажнува усните, Labello Sun пружа заштита од сонце, а за светкав и гламурозен изглед совршени се Labello Care Gloss&Shine или Labello Pearl&Shine.
Лабело е повеќе од бренд, тоа е гаранција за меки, негувани и убави усни. Неговата тајна е во ефикасната формула која комбинира хидрамин и масло од гроздово семе, со што е овозможена интензивна хидратација и зачувување на природната еластичност на усните.
Производ кој нè потсетува на убавите моменти, кој секогаш треба да го носиме со себе, за да бакнувањето биде уште поубаво. Идеален подарок за саканите на денот на вљубените!
Labello Classic Care длабински ги навлажнува усните со помош на Лабело иновативната формула која содржи влажност. Има лесна текстура и е погоден за секојденвна употреба. Користете ја ефикасната, целовкупна нега за вашите усни да бидат меки и мазни за бакнување. Збогатен со масло од јојоба и шеа путер припродно ги навлажнува усните кои секогаш изгледаат сјајно.
Labello Med Protection посебно е формулиран за суви, испукани и осетливи усни. Ги штити усните и ги спречува од исушување, пукање и иритација. Формулата со витамин Е влажни и длабински ги смирува сувите и испукани усни, заштитувајќи ѓи од сушење. Богатиот слој ги заштитува усните, интензивно и долготрајно ги навлажнува. SPF 15 штити од идни оштетувања и испукувања како резултат на ефектите од UVA и UVB зраците.
Labello Pearly Shine – посакувате ли нежни, сензуални усни и долготрајна хидратација која не содржи восок? Усните да ви бидат свиленкасто меки и сјајни како совршено обликуваниот бисер со Pearly Shine. Преубавата нијанса на розова и благиот сјај ја истакнуваат природната убавина на вашите усни, додека екстрактите од свила ги хранат. Заштитниот фактор SPF 10 помага во спречувањето на оштетувањата предизвикани од UVA и UVB зраците.
Labello Soft Rose – оваа формула ги остава усните мазни, меки и нежни за бакнежи. Интензивно и долготрајно ги навлажнува со масло од јојоба. Бледо розовата нијанса ја нагласува природната убавина на црвената, прекрасна боја на вашите усни, додека мирисот на трендафил ги смирува вашите сетила. Нанесете по ваша желба или потреба со цел да ги нахраните и навлажните нормалните и сувите усни, при тоа давајќи им нежно розов сјај.
Labello Vitamin Shake Acai & диво јаболко – дали на вашите усни им е потребна здрава мешавина на хранливи витамини и долготрајна хидратација со што би го потенцирале здравиот сјај на вашите усни? Acai & диво јаболко Vitamin Shake е кремаста мешавина на екстрактот од вистинско овошје acai и диво јаболко, витамините Ц и E, како и провитамините B5 за постигнување на природна нијанса и меки и нежни усни, кои ќе бидат пожелни за бакнување. Овој балзам за нега на усните мириса еднакво вкусно како и природен овошен сок. Заштитниот фактор SPF 10 усните ги заштитува од штетните UVA и UVB зраци.
Labello Vitamin Shake Brusnica & Malina е кремаста мешавина на екстрактот од брусница и вистински малини, витамин Ц и Е и провитамин Б5 за постигнување на природните тонови и меки и нежни усни. Овој балзам за нега на усните мириса еднакво вкусно како и природен овошен сок. Заштитниот фактор SPF 10 усните ги заштитува од штетните UVA и UVB зраци.Нанесете дневно спрема потребите и желбите со цел да ги нахраните и навлажните нормалните и сувите усни за здрав сјај и кремаста нијанса, прекрасна боја.
Labello Cherry – посакувате ли долготрајна хидратација за вашите усни, како и сјајна и интензивна боја во текот на целиот ден и ноќта? Labello Cherry е сладок начин на усните да им подарите нежна нијанса на црвена боја и долготрајна хидратација за меки и нежни усни кои ќе бидат пожелни за бакнување. Неодоливиот летен мирис на цреша ќе го разбуди во вас скокотливото чувство на очекување. Заштитниот фактор SPF 10 усните ги заштитува од штетните UVA и UVB зраци. Labello Cherry ја нагласува убавината на усните со нежната нијанса на зрелите цреши и светкавите пигменти.
Labello For Men Active Care – посебната формула со активна заштита содржи витамин Е и заштитен фактор SPF6 кој ефикасно ги штити усните од надворешните влијанија и од губењето на влажноста. Содржи природни состојки на шеа путер и масло од јојоба. Не остава траги од боја на усните.